З и В Компани, со повеќе од 30 години искуство во дистрибуција, се гордее со својата долгогодишна традиција на доверливост, професионалност и висококвалитетни услуги. Во текот на децениите, изградивме силно име на пазарот, обезбедувајќи ефикасни и сигурни решенија за нашите клиенти.
Со цел да одговориме на современите потреби на пазарот и да понудиме уште поиновативни услуги, З и В направи значајна трансформација со подружницата З и В Рентал. Од сега, освен дистрибуција, З и В Рентал специјализира со изнајмување на висококвалитетна опрема за пристап, како што се Маказни Платформи, Кранови и други специлијазирани Машини.
Нашата флота на опрема е составена од најновите модели на пазарот, кои ги исполнуваат највисоките стандарди за безбедност и ефикасност. Ние им помагаме на нашите клиенти да ги реализираат своите проекти на најлесен и најсигурен начин, без потреба од големи инвестиции во сопствена опрема.
Со тим од искусни професионалци, ние гарантираме брза испорака, техничка поддршка и персонализирани решенија за секој проект, без разлика дали се работи за мали или големи објекти.
Нашата визија е да бидеме ваш партнер за успех, нудејќи услуги кои заштедуваат време, ресурси и го зголемуваат квалитетот на работа.
Доверете ни се за следниот проект – заедно ќе постигнеме високи резултати!
Нашата мисија
Да обезбедиме современи, сигурни и економски ефикасни решенија за пристап, кои ќе ги надминат очекувањата на нашите клиенти.
Нашите вредности
Доверливост, иновација, професионалност и фокус на клиентот.